Фото: Принтскрин
Гувернерот на Народна Банка, Трајко Славески гостуваше во емисијата „Анализа“ на „ТВ24“ и кажа дека платите во моментот растат според законското годишно усогласување.
Оваа реакција следи откако не беше прифатено барањето на ССМ за вонредно зголемување на минималната плата во Македонија.
„Треба да се опстои на законското решение за усогласување на платите во март. Пазарот си ги определува платите во приватниот сектор“, вели Славески.
