Фото: Принтскрин
Владимир Стојановски замоли за помош преку социјалните мрежи, откако неговиот татко исчезнал од домот.
„Луѓе, ќе ве замолам за помош.
Татко ми е исчезнат рано утрово, нешто околу 6:30. Искочен е од дома најверојатно само по пиџами и е со деменција. До вчера беше сосема свесен за тоа каде живее и за ориентирање во простор.
Се вика Петар (прекар му е Пеце). Живее на Илинденска во Центар близу влада и паркот.
Ве молам споделете и било каква информација би била корисна.
Ви благодарам добри луѓе.
Мојот број е 075 415 020“, објави Владимир.
