Фото: GladiatorVesti
Скопје секоја година го има истиот проблем, а тоа е енормно загаден воздух со кој се трујат граѓаните на главниот град на Македонија.
Граѓаните постојано бараат решение, додека властите веруваат, но засега резултатот не може да се забележи затоа што повторно аерозагадувањето е на загрижувачко ниво.
Во продолжение следи апелот кој го испрати Ина Михајлова за алармантната ситуација во Скопје.
„Мириса на смрт.
Тука децата не растат со румени образи, туку со инхалации, сирупи и антибиотици. Со бронхити што се повторуваат, со кашлици што стануваат нормала и со прозорци што не се отвораат.. дури ни преку ден.
Секој ден сме со грижа на совест што сакаме да се прошетаме надвор.
Како здрави бели дробови да се луксуз.
И додека се гушиме, ни продаваат приоритети што немаат врска со реалноста.
Приоритет е детето да може да истрча без
да се закашла.
Да заспие без инхалатор покрај кревет.
Да не знае што е антибиотик пред да знае
да чита.
Ова не е драма.
Ова е секојдневие.
И колку повеќе молчиме, толку подлабоко дишеме ОТРОВ!“, се вели во објавата.

