Фото: Принтскрин
На вчерашната седница на Владата на Македонија била донесена одлука да се купат 100 нови амбулантни возила со што треба да се подобри македонското здравство.
Инвестицијата ќе биде вредна 75 милиони евра и истата ќе треба да служи за модернизација на Итната медицинска помош.
„Ова ќе значи побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, како и навремен транспорт на пациентите до болниците“, објави министерот Азир Алиу.
