Фото: Принтскрин
Потпретседателот на Сојузот на синдикати, Иван Пешевски објави видео во кое го потсети премиерот Христијан Мицкоски што зборувал пред да стане претседател на Владата.
Премиерот на Македонија побара зголемување на сите плати со усогласување на коефициентот на сложеност, но сега вели дека работодавците треба директно со работниците да си ја договорат новата плата, зашто Владата го поддржува зголемувањето, но не ги презема преговорите во свои раце.
„Неколку месеци пред да стане Премиер, Христијан Мицкоски одржа прес конференција и ја обвинуваше тогашната Влада во делот за платите. Некои забораваат, некои паметат, јас лично ги чувам сите Изјави кои вределе внимание. Што е добро фалам, што не – кудам. Но, денес во позиција на Премиер го зборува токму спротивното од ова. За моја среќа јас уште зборувам исто и во тоа време и денес и сметам дека навистина треба да се симнат розовите очила и да се покаже политичка волја за зголемување на платите. Не смее Влада да кажува договорете се со работодавачите, бидејќи они се во ситуација да ги намалат платите, а не да ги зголемат (кога би можеле). Ќе следува период кој освен со протести и штрајкови, работниците не ќе можат да обезбедат поголеми плати, па останува на нас колку и кога ќе добиеме. Не е лесно да си власт, уште потешко да не си! Работници време е за обединување, но не заборавајте дека имаше денес синдикати кои не побараа плата за Вас на Економско-социјалниот совет“, објави Пешевски.
