Фото: Принтскрин/mmijatovic_official
Во тешка сообраќајна незгода која се случи на автопатот Белград-Ниш загинаа две лица, додека третиот патник е во болница со тешки повреди.
Според неофицијални информации, автомобилот „Сеат“ со германски регистерски ознаки излетал од коловозот. Се претпоставува дека возачот загубил контрола, удрил во заштитната ограда, при што загинале маж и жена.
Предниот дел на возилото е целосно здробен поради силината на ударот на автомобилот во оградата.
Фото: Принтскрин/mmijatovic_official
