Фото: Принтскрин/mmijatovic_official
Во тешка сообраќајка која се случила утрово на автопатот Белград – Ниш загинаа две лица.
Српските медиуми пишуваат дека возачот на „Сеат“ загубил контрола и излетал од патот, по што удрил во заштитната ограда.
Маж и жена загинале на лице место, а станува збор за државјани на Македонија, објави „Курир.рс“.
На терен пристигнала пожарна која успеала да ги извлече телата на жртвите, додека едно лице било пренесено во болница.
Фото: Принтскрин/mmijatovic_official
