Фото: Принтскрин
Упадот во собранието на Македонија се случи на 27 април 2017 година, при што беа уапсени голем број лица и осудени, а сега „Скопје1“ открива дека повеќето од осудените добиле условен отпуст.
Осудените издржале повеќе од две третини од казните поради што Кривичниот совет прифатил да бидат пуштени на слобода.
На слобода треба да излезат Мунир Пепиќ, Оливер Поповски, Влатко Трајковски, Душко Лазаров, Јане Ченто, Митко Пешов, Горан Ѓошевски и Никола Митревски.
Извор: Скопје1
