Фото: Принтскрин
На седницата на албанското Собрание се случи вистински хаос кога опозициските пратеници се судрија со обезбедувањето. Дел од пратениците активираа димни бомби и други пиротехнички материјали.
Тензиите дополнително се зголемија откако Ендри Шабани положи заклетва како Заштитник на граѓаните (Омбудсман), по што испрати бакнеж до опозициските пратеници во салата.
