Фото: Принтскрин
Од јануари 2026 година просечната пензија ќе се зголеми за 6.000 динари месечно (3.000 денари) во Србија, а тоа значи 72.000 динари во текот на целата година или 600 евра повеќе.
Износот на зголемување зависи од видот на пензија и моментални примања, а растот на пензиите во последните неколку години постојатно ја надминува инфлацијата и се подобрува стандардот на највозрасните граѓани, објави „Србија Данас“.
Најниските пензии ќе добијат и најмалку зголемување, односно од 21.786 динари ќе им се зголеми пензијата за 12 отсто на 24.400 динари.
На другиот крај, тие со највисоки примања ќе имаат и најголемо зголемување, од 255.231 динар на 285.859 динари.
