Фото: Христијан Мицкоски
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски реагираше на шпекулациите дека во државата ќе се градат кампови за мигранти.
Мицкоски кажа дека не е вистина тоа што се шпекулираше во медиумите, односно дека имале разговор со британските власти за примање на илегални мигранти.
„Ќе продолжиме да се бориме жестоко против илегалната миграција. Додека сум премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти“, кажа премиерот.
