Фото: Принтскрин
Владата на Албанија даде „зелено светло“ за планот за мешани миграциски текови во период од 2026 до 2028 година.
Албанија ќе гради дури 20 прифатни центри за мигранти во три стратешки региони, како Корча, Ѓирокастро и Валона, објавија медиумите.
Според првичните информации, Албанија ќе прифаќа мигранти од Авганистан, Пакистан, Иран, Сирија, Либан и Газа.
Националниот план за итни случаи предвидува трошоци за плати, тековни расходи и инвестиции за периодот 2026–2028 година. Според четири миграциски и итни сценарија, очекуваните трошоци се движат од околу 1.700.000 € (195,6 милиони леки) во нормално сценарио, до приближно 6.160.000 € (708,7 милиони леки) доколку се воспостават центри во услови на криза.
