Фото: Принтскрин
Возач со неговото возило „Мерцедес“ предизвика револт кај граѓаните откако реши да дрифта на кружен тек и да ја загрози безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Автомобилот дрифташе околу кружниот дек, а тоа успеа да го сними едно лице кое потоа го објави видеото на социјалните мрежи.
Граѓаните бараат итна реакција од Министерството за внатрешни работи (МВР) и санкција за несовесниот возач.
„Памет не им доаѓа, само казни за вакви возачи и одземање на автомобил“, вели еден од граѓаните.
