Фото: Принтскрин
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е пронајдено починато лице.
„По преземени мерки, на 7 декември 2025 година, утврдено е дека се работи за 57-годишниот З. Т. од Охрид, кој на 4 декември 2025 година, во 18.25 часот, во СВР Охрид беше пријавен дека се оддалечил од семејниот дом“, соопштија од полицијата, а пренесува „Охрид Прес“.
Претходно идентична вест беше објавена и на „ИНТВ“, но се чекаше потврда од полицијата.
Извор: СВР Охрид
