Фото: ChatGPT
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан уште еднаш повтори дека Брисел се подготвува за војна со Русија, а исто така посочи дека датумот е одреден, и тоа е 2030 година.
„Мрачни облаци над Европа. Брисел се подготвува за војна со Русија, а датумот е веќе одреден – 2030 година. Програмата за вооружување која ја почна Брисел има за цел ЕУ да биде подготвена за војна до 2030 година. Исто така, забрзан е процесот на влез на Украина во ЕУ и тој датум е 2030 година“, кажа Орбан.
Орбан зборуваше и за миграцијата за која кажа дека Европа веќе требало да ја научи лекцијата.
„Што се однесува до миграцијата, веќе научивме дека постојат одлуки кои подоцна нема да може да се исправат. Во 2015 година да не креневме ограна, мигрантите ќе беа тука. Ако погрешно одлучиме во 2026 година, на следните избори 2030 година веќе ќе биде доцна за поправка“, посочи Орбан.
