Фото: Принтскрин
Новата американска стратегија за национална безбедност ги изненади сите, а посебно Европјаните кои се мета на администрацијата на Доналд Трамп, објави „Шпигел“.
Во документ од 33 страници, администрацијата на Трамп ги менува темелите за надворешна политика на САД, а клучна точка е тоа што САД повеќе не сакаат да бидат „светски полицаец“, а сојузниците не би требало да ги префрлаат трошоците од својата одбрана врз американскиот народ.
Германскиот експерт за надворешна политика, Норберт Ретген тврди дека последиците кон Германија може да бидат болни и фатални.
„За првпат од крајот на Втората светска војна, САД повеќе не стојат заедно со Европјаните. Повеќе не стојат покрај Украина, земја против која се води брутална војна на уништување и се крши меѓународното право“, вели тој.
Во документот на Белата куќа има и критики на сметка на политиката на ЕУ. Се наведува неуспешна имиграциона политика, пад на наталитетот, слабеење на националниот идентитет и загрозување на слободата на изразување и политичка опозиција.
„Што сака САД да постигне со ова? Целта е идеолошките цели на Трамп да се пренесат и на Европа. Тоа предвидува фундаметална промена на политичкиот пејсаж за Европа, кој е на сила веќе 80 години. Ако успее оваа стратегија, ЕУ повеќе не би постоела“, вели Ретген.
When a staunch Atlanticist like @n_roettgen speaks in these terms, it demonstrates the reality of a profound shift in the relationship between the USA & the democracies of Europe. I just hope European leaders have the will to rise to the challenge we face. https://t.co/F4BH7T4937
— David Lidington (@DLidington) December 6, 2025
