Фото: Принтскрин
Авганистанските тинејџери Јан Џаханзеб и Исрар Нијазал се осудени на затворски казни откако силувале 15-годишно девојче во парк во Англија.
Инцидентот се случил во јуни, кога Авганистанците го одвлекле пијаното девојче подалеку од нејзините пријатели.
Во судот била прикажана снимка која жртвата успеала да ја сними за време на нападот, при што може да се слушне како бара помош и плаче.
„Ве молам помогнете ми… Пуштете ме… Сакам да си одам дома“, плаче и вика девојчето на снимката.

Повеќе детали за случајот може да се прочитаат на „Ројтерс“.
