Фото: Принтскрин
Системот „Безбеден град“ во моментов е во тест-фаза и наскоро треба да биде познато од кога официјално ќе почне да функционира, односно да испраќа пораки со казни до возачите кои ги прекршуваат правилата.
Возилата кои ќе бидат снимени од „Сејф Сити“ ќе си добијат порака и мејл со прекршокот кој го направиле, но во иднина ќе има и такви возила чии регистрации ќе бидат внесени во системот.
Во иднина ќе бидат внесени регистерските таблици на возилата со првенство на минување, односно Брза помош, пожарна и полиција, објави „ТВ21“.
„ТВ21“ пишува дека во Скопје се разгледува опцијата и за воведување на „Зелен бран“ со цел да се овозможи проток на возила и намалување на гужвите.
