Фото: Принтскрин
На патот од Приштина кон Скопје се употребува кратенката „НМК“ наместо „МК“, со што Косово го прекршува договорот, објави „360 степени“.
Косово е уште една земја која го крши договорот, откако претходно истото беше забележано и во Србија. Јасно е запишано во Преспанскиот договор во кој случај се користи ознаката „МК“.
„Кодот за земјата на регистерските таблички на возила на Втората странка ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО)“, се вели во членот од договорот.
