Фото: Принтскрин
На 3 декември во Романија се случи необичен сообраќаен инцидент кога автомобил прелета преку кружен тек и слета на другата страна врз две паркирани возила.
Возач на 55-годишна возраст загубил контрола над возилото, најверојатно поради здравствени проблеми, зашто тестовите покажале дека не бил под дејство на алкохол или дрога.
Возилото било оштетено, а возачот тешко повреден, но за среќа во другите автомобили немало повредени.
The first flying car was spotted in Romania. WTF. pic.twitter.com/DQcu910Eka
— Mihai Simion (@faustocoppi60) December 4, 2025
