Фото: Принтскрин/Курир.рс
Синоќа околу 21 часот во познат ресторан во Белград е застрелан навивач на Партизан, додека седел на маса со поранешниот водач на навивачката група „Забранети“, Ненад Алајбеговиќ Алибег.
Безбедносните камери го снимиле напаѓачот, а српски „Курир“ ја објави снимката од нападот.
Сведоци на инцидентот за медиумот раскажаа дека момче влегло во локалот, а потоа извадило пиштол и почнало да пука.
„Гледаше во телефонот, а потоа застана, го извади пиштолот и испука три-четири куршуми“, вели очевидец за српски „Курир“.
Видеото може да се погледне ТУКА.
