Фото: Принтскрин
Сообраќајна незгода која се случи минатиот викенд во Остривац, Србија, привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Автомобилот возел со поголема брзина од дозволената и изгубил контрола врз возилото, кое потоа летнало врз куќата на Саша Димитријевиќ, која се наоѓала до патот.
Видеото од инцидентот беше објавено на социјалните мрежи, а во истото се додава дека возачот се здобил со полесни повреди.
