Фото: Принтскрин
Српските медиуми објавија дека непознати лица во четвртокот околу 18 часот го украле знамето од Српската православна црква во Липљан, Косово.
Знамето кое било на камбанаријата било украдено од лице кое било маскирано, а тоа го покажуваат снимки од надзорните камери.
На црквата во Липљан вчера било поставено знамето по повод празникот, но очигледно на некого му пречело тоа, па случајот е пријавен во полиција.
Непознати лица идентичен инцидент предизвикаа и во јуни 2023 година.
