Фото: Принтскрин
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска кажа дека нема доцнење во повратот на ДДВ, односно не постои проблем со буџетот.
Димитриеска-Кочоска кажа дека проблемот е од техничка природа на Управата за јавни приходи (УЈП).
Министерката објасни дека клучен проблем се системите во УЈП кои не биле надградени повеќе од 10 години, односно од 2011/12 година.
