Фото: Принтскрин
Вистинска драма се случуваше во кривопаланечко каде што беше приведен газдата на кравите кои во изминатиот период направија штета кон земјоделците.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пристигна на терен заедно со полицијата, која мораше да интервенира и да ги приведе таткото и двете ќерки.
Третата ќерка Јулијана Ѓорѓиевска за „Телма“ изјави дека случајот не бил административен спор, туку злоупотреба и насилство против семејството.
