Фото: Принтскрин
Клиниката за детски болести во Скопје објави нова радосна вест која доаѓа од болницата. Малиот Лир херојски ја доби тешката битка против болеста и заѕвони на ѕвончето во клиниката.
„Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак ЛИР храбро ја помина и ја освои тешката битка. На ЛИР му посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство“, објавија од клиниката.
