Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Груевски „распали“ по Заев и Филипче: Од јахта со пари на народот ќе продавате морал и етика?

Gladiator 04/12/2025

Поранешниот премиерот на Република Македонија, Никола Груевски објави статус на социјалните мрежи по неодамнешните напади кон него.

Груевски во новиот статус на социјалните мрежи ги спомена актуелниот и поранешен лидер на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев.

„КО О ЧЕМУ, ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ О ПОШТЕЊУ”
Во последните недели СДСМ, односно Зоран Заев и Венко Филипче речиси секој ден во дневно политички цели ја злоупотребуваат мојата последен фб објава од 12 ноември 2025 година, која беше анализа на ризиците за потенцијални војни во Европа и светот, и која заврши со порака дека Македонија треба силно да ги продолжи своите напори за реформи заради исполнување на критериумите за членство во ЕУ, но паралелно да се подготвува и за ситуација на можни воени сценарија во Европа и последиците од нив, доколку некои од наведените ризици се реализираат.
Таа злоупотреба ја ставаат во некаков сосема различен и нејасен контекст на некоја подоцнежна изјава на некои функционери од власта, па градат некакви смешни тези дека власта ме следела, ме слушала и слични глупости, за кои не вреди да се троши време.
При тоа, старите фрустрации кој ги носи Заев, а очигледно и Филипче, не им дозволуваат да не повторат некоја од нивните стари пропагандни лаги за некакви “од ракав истресени” милијарди, кои те беа една, те се две или три, те се пет или седум, те десет. Во последното соопштение ги ставиле дека се две, но и тоа се такви глупости, што не вредат да се губи време на нив.
Но, очигледно е, дека овие два лика кои ја држат партијата СДСМ како некаква своја заштита и “жив ѕид” од правна одговорност од годините на направените големи криминали и проневери, и ја доведоа на најмалку добиени гласови во историјата на таа партија, имаат многу пари, па лесно се расфрлаат со милијарди, и истовремено немаат идеја што да понудат на македонската јавност после “масакрот” што го направија во седумте години криминално владеење.
Тоа беа години од кои Заев излезе како инвеститор во недвижности и трговец со фирма со скриена сопственост на руско железо и челик во Дубаи, кое заради санкциите кон Русија во последните години е многу поевтино. Од таа причина истото полесно се продава.
Така Заев како докажан анти-руски и про-западно настроен во политиката, познат по својата дволичност како во политиката, така и во бизнисот, и познат дека секогаш се води само од финасискиот интерес, во милионски суми, со слатко задоволство го купува железото од Русија, и го продава меѓу другите и на втората најголема компанија за развој на луксузни недвижности во Обединетите Арапски Емирати – Damac properties.
Оваа компанија има стратешки партнерства со глобалните брендови како Versace Home, Roberto Cavali и de GRISOGONO – ексклузивни резиденции со накит-инспирирани дизајни.
Така произлегуваат градбите како Cavali Tower и редица други.
Компанијата гради приближно 800,000-1,200,000 квадратни метри годишно и троши приближно 50,000-75,000 метрички тони челик годишно низ сите свои инвестиции, главно во Дубаи, но и во 15 други големи градови како Ријад, Торонто, Лондон, Мајами и други.
Се засмејав кога се потсетив со каква леснотија и со каков сериозен лик и бесрамно лажење Венко Филипче објаснуваше на неупатената јавност во Македонија дека планирал да оди на печалба во неименувана болница во Дубаи пред околу една година лажејќи ја јавноста дека златната виза во Дубаи ја добил за ако му затребало да биде лекар таму на печалба.
И како сето тоа лесно му помина во неупатената јавност без да се помисли дека за да му доделат таква виза мора претходно да поседува важечка медицинска лиценца издадена од DHA (Dubai Health Authority), DOH (Department of Health – Abu Dhabi) или MOHAP (Ministry of Health and Prevention), писмо за одобрување од Министерството за здравство и превенција на ОАЕ за практикување медицина, и валиден веќе склучен договор за вработување одобрен од Министерството за човечки ресурси и емиратизација (MOHRE), и логично после сето тоа тој требаше да има поднесено отказ на работното место во Македонија. Ништо од сето ова немаше. Ако имаше ќе покажеше.
Па се потсетив дека тие двајца имаат заедничката фирма и заеднички бизнис и инвестиции во Дубаи, се разбира сигурно не од заштеди од парите од лекарската плата на Филипче, на база на што всушност се извадени златните визи за двајцата.
Но, потсетувањето на тој хумор кој Филипче го објаснуваше со глуметарење со мошне сериозен лик, ми запре во мислите веќе во следниот миг кога се потсетив како во екот на првиот бран на ковид кризата, кога реално огромен број заразени умираа од Ковид, време кога починатите болни ширум светот беа во толкав голем број, а се сеќавате дека Македонија беше со највисок процент на починати во светот, масовно ги изнесуваа со вреќи од болниците како во времиња на најголеми светски епидемии во воени времиња, овие два љубители на луксузни мотори, во тоа време првиот премиер, а вториот министер за здравство, не само што последни во Европа набавија вакцина, повторувам последни, не предпоследни – туку последни, што секако се должеше на нивната неспособност и дефокусираност кон лично богатење, наместо кон грижа за граѓаните кои им довериле јавни функции, туку сигурно ќе се потсетите и вие, тие двајца се обиделе и со месеци вршеле притисок во Кина, увозот на вакцините да биде преку нивна лична заедничка фирма.
И сега, оној лежејќи на некоја јахта во Дубаи, со проневерените пари од народот и земените пари од продажбата на националниот интерес, преку промена на името на земјата и нацијата, историјата и идентитетот на Македонците и неговото поставено лице во партијата во Македонија, ни продаваат морал и етичност. Нашите соседи Срби, имаат една добра и римувана народна поговорка која во оргинал вели: “Ко о чему, к…а о поштењу”.
Нека помислат само, колку животи ќе беа спасени, ако наместо тогаш да се обидуваат да протуркаат нивна фирма за препродавач на вакцините, дозволеа тоа да оди по нормален тек, колку денес предвреме починати луѓе ќе беа живи, со своите деца, родители, браќа, сестри, пријатели…и ќе се радуваа на животот. Потоа, нека размислат дали само со овој алчен и бездушен чекор, тие оставиле некаков простор меѓу народот во Македонија, да чекаат повтоено да ги гласа на избори“, објави Груевски

Tags: груевски заев Македонија филипче

Continue Reading

Previous: Познато во кои случаи „Сејф сити“ нема да ги казнува возачите
Next: (ФОТО) Трагичен крај по долгата потрага: Семјеството потврди – Миле Тодоров е пронајден починат

Слична содржина

(ВИДЕО) „И Господ плаче за тебе мило мое братче“: Погребан е Миле Тодоров

(ВИДЕО) „И Господ плаче за тебе мило мое братче“: Погребан е Миле Тодоров

05/12/2025
(ВИДЕО) Штипската „Миа Калифа“ се пофали со часовник од 17.000 евра

(ВИДЕО) Штипската „Миа Калифа“ се пофали со часовник од 17.000 евра

05/12/2025
(ВИДЕО) Моди го прекрши протоколот, агентите кои го штитеа Путин останаа запрепастени

(ВИДЕО) Моди го прекрши протоколот, агентите кои го штитеа Путин останаа запрепастени

05/12/2025

Најново

  • (ВИДЕО) „И Господ плаче за тебе мило мое братче“: Погребан е Миле Тодоров
  • (ВИДЕО) Штипската „Миа Калифа“ се пофали со часовник од 17.000 евра
  • (ВИДЕО) Моди го прекрши протоколот, агентите кои го штитеа Путин останаа запрепастени
  • (ВИДЕО) По 8 години во затвор: Горан Ангелов Ќосето ќе излезе на слобода
  • (Фото) Македонец избран за епископ во Грција!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) „И Господ плаче за тебе мило мое братче“: Погребан е Миле Тодоров

(ВИДЕО) „И Господ плаче за тебе мило мое братче“: Погребан е Миле Тодоров

05/12/2025
(ВИДЕО) Штипската „Миа Калифа“ се пофали со часовник од 17.000 евра

(ВИДЕО) Штипската „Миа Калифа“ се пофали со часовник од 17.000 евра

05/12/2025
(ВИДЕО) Моди го прекрши протоколот, агентите кои го штитеа Путин останаа запрепастени

(ВИДЕО) Моди го прекрши протоколот, агентите кои го штитеа Путин останаа запрепастени

05/12/2025
(ВИДЕО) По 8 години во затвор: Горан Ангелов Ќосето ќе излезе на слобода

(ВИДЕО) По 8 години во затвор: Горан Ангелов Ќосето ќе излезе на слобода

05/12/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) „И Господ плаче за тебе мило мое братче“: Погребан е Миле Тодоров
  • (ВИДЕО) Штипската „Миа Калифа“ се пофали со часовник од 17.000 евра
  • (ВИДЕО) Моди го прекрши протоколот, агентите кои го штитеа Путин останаа запрепастени
  • (ВИДЕО) По 8 години во затвор: Горан Ангелов Ќосето ќе излезе на слобода
  • (Фото) Македонец избран за епископ во Грција!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.