Фото: Принтскрин
Инспекциите почнаа масовна акција на територија на Град Скопје против дивите таксисти кои „оперираат“ низ главниот град на Македонија.
„Дивите превозници, такси-автомобили, комбиња или автобуси кои со години работат без лиценци, без контрола и надвор од сите прописи, стануваат минато“, кажа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Возилата на лицата кои работат нелегално ќе им бидат одземени во период од шест месеци, а исто така ќе бидат изречени и парични казни.
