Фото: ChatGPT
Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека му е страв поради можноста САД да изгуби интерес за организација на мировниот договор меѓу Украина и Русија, објави „Скај Њуз“.
На заедничка конференција, Зеленски кажа дека е оптимист поради напорите на САД да најде решение за конфликтот.
„Малку оптимизам во моите зборови поради брзината на преговорите и интересот од американска страна“, кажа Зеленски.
На прашање дали САД ќе изгуби интерес во преговарачкиот процес, Зеленски призна дека се плаши од таква можност.
„Да, страв ми е. Ако некој од нашите сојузници се измори…“, додаде претседателот на Украина.
