Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) „Извинете, ама за 51 километар на час не треба да се казнува“, смета адвокатот Митровски

Gladiator 02/12/2025

Фото: Јанаки Митровски

Адвокатот Јанаки Митровски го сподели неговото мислење за системот „Безбеден град“, кој е во тест-фаза и за само 24 часа регистрира 110.000 прекршоци.

Најголем дел се за брзо возење, но имаше и такви кои се жалеа дека им стигнало предупредување затоа што возеле 1-2 километри на час повеќе од дозволеното.

„Започна примената на Safe city, има многу реакции, дел се позитивни, дел негативни па да прокоментираме:

-Нема нормален човек кој не сака безбеден сообраќај. Но тоа не зависи ИСКЛУЧИВО од возачите.

-Пред 7-8 години општата брзина во град Скопје се намали од 60 на 50 километри на час поради бројните сообраќајни незгоди со смртни последиоци, без да се направи посебна анализа дали тоа ќе ги амали овие незгоди. И не ги намали, но на МВР му го прошири основот за казнвање. Сметам дека брзината на булевари( Илинденска, Партизанска, Иво Лола, Александар Македонски итн) треба да биде 60 километри на час. Правете дистинкција меѓу дозволена и безбедна брзина, а на овие булевари 60 километри на час е безбедна брзина.

– Сите провладини медиуми и ботови цел ден прават споредби со Виена, германски градови, Скандинавија, Лондон итн и се тоа стои. Знаете што друго стои? Сите овие градови имаат ОДЛИЧЕН јавен превоз. Летово бев во Аликанте, град со 350.000,00 луѓе каде со трамвај си секаде во градот за 15тина минути. За час и половина со воз си во Валенсија. Во Скопје јавниот превоз НЕ Е алтернатива на сопственото возило.

-Преригиден систем на казнување. Извинете ама за 51 километар на час не треба да се казнува. По мое маржа од 15-20% над дозоленото треба да биде прифатлива.

-Преминување на жолто. Законот за безбедност во сообраќајот вели дека не смеете да поминувате на жолто, сем ако во моментот на навлегување на крстосница се пали жолто па Вашето сопирање би предизвикало поголем безбедносен проблем. Во пракса ова ќе биде очекуван проблем.

-Во правната поука на Записниците Вие немате право да се жалите, со што е доведена во прашање Уставноста. Па вели “Доколку сторителот не прифаќа одговорност за сторениот прекршок, доброволно не ја плати глобата изречена во прекршочниот платен налог или во рок од осум дена од денот на приемот на ЗССПППН не го достави до надлежниот суд, ЗССПППН има сила на извршна исправа и МВР ќе го достави до органот надлежен за присилна наплата, за негово извршување.”

Ова е најпроблематично бидејки не се запазени Уставни гаранции за пристап до суд(посебна судска власт) , право на жалба итн и на МВР му даваат улога на парасудска власт, со што на мала врата извршната власт чини упад во судската. МВР ќе биде кадија те тужи кадија те суди, нешто што веќе за жал постои при Комисиите на МВР за одредени прекршоци.

-Што доколку друга личност го управува моето возило? Јас и да можам со пасош да докажам дека не сум бил тука во моментот на прекршокот, МВР тоа не го прифаќа.

“Доколку сопственикот на возилото во време на сторување на прекршокот не го управувал возилото, а знае кој го управувал, должен е во рок од осум дена од денот на приемот на ЗССПППН: -лично да дојде во надлежната организациска единица на МВР заедно со лицето кое во време на сторување на прекршокот управувало со возилото при што лицето дава известување дека во време на сторување на прекршокот

управувало со возилото и дава податоци и за неговиот број на мобилен телефон и електронска адреса или, – тој или лицето кое го управувало возилото во времето на сторување на прекршокот во надлежната организациска единица на МВР да приложи изјава заверена на нотар дадена од лицето кое управувало со возилото во која истото ќе потврди дека го управувало возилото во време на сторување на прекршокот.

Кој генијалец го смисли ова? Значи јас можам и сто докази да имам дека не сум сторител на прекршокот, доколку за раче не го донесам сторителот, тоа не се прифаќа?

И серија други легитимни забелешки. Исправна е одлуката на МВР да се пролонгира малку, нека и до после 01.02. примената на казнување со цел филтрација на пропустите, привикнување на јавноста, адаптација на подобро“, пишува Јанаки.

Tags: безбеден град Јанаки Митровски камери скопје

Continue Reading

Previous: Вечерва целото раководство на СДСМ поднесе оставки!
Next: (ВИДЕО) Ѕвездата на македонски идол Виктор стана татко – еве како ќе се вика детето

Најново

  • (ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици
  • (ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија
  • Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!
  • Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!
  • Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици

(ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици

22/01/2026
(ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија

(ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија

22/01/2026
Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!

Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!

22/01/2026
Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!

Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!

22/01/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Кражба во црква на празникот Водици
  • (ФОТО) Ова е Момир кој пред 25 години го загуби животот додека ја бранеше Македонија
  • Баба му дала да се напие бензин наместо вода – детето заврши во болница!
  • Еве како од денес ќе се вадат матичните документи!
  • Почина бабата која внукот ја тепаше до бессознание – ова се деталите!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.