Фото: Принтскрин
Двајца Украинци се уапсени во Виена откако ликвидирале нивни сонародник и син на политичар. Истражните органи сметаат дека мотивот е од финансиска природа.
Во средата, семејството пријавило исчезнување на 21-годишен студент, кој бил во Виена, а набрзо пристигнала суровата вистина.
Синот на заменик-градоначалникот на Харков во Украина бил нападнат од неколку лица, а потоа ставен на задно седиште од „Мерцедес“, кое потоа го запалиле.
„Негово тело беше 80 проценти изгорено“, објаснија од полицијата.
