Фото: Врчак
Раде Врчаковски најави нов албум кој најверојатно ќе биде промовиран во јануари 2026 година.
„НОВ АЛБУМ НАСКОРО! Сите велат албумот е врв! Албумот ќе биде посветен на љубов кон целиот женски род во човештвото и ќе биде бесплатен за сите.
По заминувањето на Владимир Блажев од овој свет, планираната декемвриска промоција на новиот македонски албум ќе биде преместена за во Јануари, а потоа почнуваат сите припреми за америчката промоција на америчкиот музички албум снимен во PARAMOUNT Studios во Холивуд со одлични артисти од Лос Анџелес и музичкиот инженер на Бруно Марс и Џејсон Деруло – америчкиот албум е веќе со ISRC кодови на издавачка куќа на еден од најпознатите музички продуценти на планетата – Will I Am“, објави Врчак.
