Фото: Принтскрин
Министерството за внатрешни работи (МВР) почна со имплементација на системот „Безбеден град“, со кој камерите треба да ги снимаат прекршоците на возачите и да им испраќаат казни.
Првиот месец, односно декември ќе биде тест-период, по што од 1 јануари 2026 година ќе бидат испраќани и санкции.
Камерите ќе снимаат прекршоци како што се брзо возење, минување на црвено светло, неправилно престројување, возење со истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирани возила.
