Фото: Принтскрин
Српскиот пејач Слоба Радановиќ повеќе од 24 часа е заробен на аеродром во Шведска, а сега се јави со порака на Инстаграм.
Пејачот не успеал да се качи на летото и да се врати дома со својот бенд, па потврди дека ќе оди по друга рута, односно ќе лета за Сараево.
„Требаше да летаме за Сараево во 16 часот, но имаше само три билети. Два од нашите другари требаше сега во 11.30 да одат за Истанбул, па Сараево и ние требаше да испратиме билети на некој мејл. Утрово им пишавме дека треба да го чекираат летот, но тие не го направија тоа. Сега ни дојдоа и ни кажаа дека ќе закажат други летови. Добивме четки за заби, но не и храна“, се пошегува пејачот.
Видеото може да се погледне ТУКА.
