Скопје конечно се движи кон реализација на проект што со години стоеше само на хартија. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, по првата седница на новоформираното Координативно тело на градоначалниците, најави дека градот повторно воспоставува редовна меѓуопштинска координација и стабилност во работењето на јавните претпријатија.
Тој потврди дека веќе следната недела ќе биде објавена тендерската постапка, а градот конечно добива конкретен рок:
👉 Луна Паркот треба да биде завршен и ставен во функција до јуни 2027 година.
„Овој проект ми е особено значаен – после толку години чекање, конечно ќе создадеме простор каде што нашите деца ќе можат да се забавуваат и растат со насмевка,“ изјави Ѓорѓиевски.
Паралелно, тој информираше дека по средбите со Владата и премиерот Мицкоски е одблокиран и процесот за имплементација на БРТ системот. Реализацијата се очекува да стартува во текот на следната година, а по разговорите во Брисел, градот веќе нема ризик да го изгуби статусот поврзан со проектот.
