Фото: КФМ
Македонските кошаркари беа одлични во дуелот против Азербејџан и на домашен терен во „Кале“ триумфираа со 87-49.
Нашите репрезентативци одиграа многу добро во првото полувреме во кое му дозволија на Азербејџан да постигне само 21 поен, додека Македонија постигна 40 поени.
Македонија продолжи со добрата игра во вториот дел и ја зголемуваше предноста сè до конечни 87-49. Најефикасен беше Андреј Јакимовски со 25 поени и 11 скокови, додека Војдан Стојановски запиша 16 поени и 11 скокови.
Фото: КФМ
