Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Еве за колку ќе скокаат платите во 2026 – Мицкоски со бројки што ќе ве изненадат!

Gladiator 27/11/2025

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница откри дека во 2026 година очекува ново зголемување на платите, при што според неговите проекции, растот би се движел околу 9 до 10 проценти.

Тој појасни дека во државниот буџет веќе се предвидени средства за зголемување во секторите каде што колективните договори тоа го наложуваат – пред сè во здравството и образованието. Според Мицкоски, во наредниот период ќе следат и нови преговори со дел од синдикатите, особено во администрацијата, каде што според него одредени групи ја злоупотребуваат ситуацијата за политички поени наместо за заштита на работничките права.

Премиерот смета дека покрај растот на платите, клучно е да се зголеми и продуктивноста, која долго време имала тренд на опаѓање, но во последната година – како што рече – тој пад е запрен.

Мицкоски се осврна и на инфлацијата, нагласувајќи дека очекува намалување во последните два месеци од годинава и стабилизација меѓу 2 и 3 проценти во текот на 2026 година.

Тој посочи и дека македонската економија, во просек, создава околу 300.000 денари добивка по вработен годишно, што според него е слаб потенцијал. Мицкоски даде и хипотетички пример: доколку компаниите целата добивка ја префрлат во плати, просечната нето-плата би се искачила на околу 61.000 денари – но тоа би значело дека работодавачите целосно се откажуваат од профит, што е нереално сценарио.

– „Мораме да работиме на јакнење на економијата за бизнисите да можат да исплаќаат повисоки плати. Тоа е процес кој го почнуваме и мора да продолжи“, нагласи премиерот.

На крајот, тој повтори дека државата ќе ги испочитува сите договорени обврски со синдикатите, вклучително и оние кои се поврзани со минималната плата, и најави дека на почетокот на декември ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која овие прашања ќе бидат ставени на маса.

Tags: Македонија

Continue Reading

Previous: Дали 70 отсто од пензионерите ќе добиваат помали пензии?
Next: Од Нова Година УДАР: Струјата поскапува – еве за колку!

Слична содржина

(ВИДЕО) Топол и незаборавен пречек за Нела Манческа која го освои седмото место на Евровизија

(ВИДЕО) Топол и незаборавен пречек за Нела Манческа која го освои седмото место на Евровизија

15/12/2025
(ВИДЕО) Мистериозна жена во маглата: Возач се соочил со необична сцена на пат во Словенија

(ВИДЕО) Мистериозна жена во маглата: Возач се соочил со необична сцена на пат во Словенија

15/12/2025
(ВИДЕО) Еве како изгледаше настап на Боки 13 кога беше помлад

(ВИДЕО) Еве како изгледаше настап на Боки 13 кога беше помлад

15/12/2025

Најново

  • (ВИДЕО) Топол и незаборавен пречек за Нела Манческа која го освои седмото место на Евровизија
  • (ВИДЕО) Мистериозна жена во маглата: Возач се соочил со необична сцена на пат во Словенија
  • (ВИДЕО) Еве како изгледаше настап на Боки 13 кога беше помлад
  • (ВИДЕО) За херојот од Сиднеј собрани над милион долари
  • Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Топол и незаборавен пречек за Нела Манческа која го освои седмото место на Евровизија

(ВИДЕО) Топол и незаборавен пречек за Нела Манческа која го освои седмото место на Евровизија

15/12/2025
(ВИДЕО) Мистериозна жена во маглата: Возач се соочил со необична сцена на пат во Словенија

(ВИДЕО) Мистериозна жена во маглата: Возач се соочил со необична сцена на пат во Словенија

15/12/2025
(ВИДЕО) Еве како изгледаше настап на Боки 13 кога беше помлад

(ВИДЕО) Еве како изгледаше настап на Боки 13 кога беше помлад

15/12/2025
(ВИДЕО) За херојот од Сиднеј собрани над милион долари

(ВИДЕО) За херојот од Сиднеј собрани над милион долари

15/12/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Топол и незаборавен пречек за Нела Манческа која го освои седмото место на Евровизија
  • (ВИДЕО) Мистериозна жена во маглата: Возач се соочил со необична сцена на пат во Словенија
  • (ВИДЕО) Еве како изгледаше настап на Боки 13 кога беше помлад
  • (ВИДЕО) За херојот од Сиднеј собрани над милион долари
  • Дел од пензионерите ќе добијат по 6.000 денари за празниците

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.