Фото: Влатко Ѓорчев
Владимир Ѓорчев објави на неговиот профил на Фејсбук дека Моника и Кристијан Томашевски од Холандија, но и Ина Најдановиќ Марковиќ од САД се вратија во својата татковина Македонија.
„Моника и Кристијан Томашевски се вратија во Македонија после 5 години во Холандија. Имаат свој бизнис, работат на повеќе пазари. Кристијан претходно има живеено во повеќе земји низ Европа и светот.
Далибор се врати од Австралија, работи во фирма во ИТ секторот во Скопје. Оженет, татко на 2 мали деца:
“Луѓето доаѓаат да креираат во Македонија. Ние сме повратници во Македонија, дојдени тука да одиме напред”“, објави Ѓорчев.
