Фото: Принтскрин
Полицијата од Штип поднесе кривична пријава против М. Е. (43) од Штип, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Според пријавата, на 24 септември 2025 година во село Љуботен, пријавениот запалил оган во дворот на својата куќа и го оставил без надзор. Поради тоа, пожарот повторно се активирал и се проширил, зафаќајќи два подрумски простории од неговата куќа, делови од две соседни куќи, гаража, како и околу пет хектари нискостеблести растенија, шума и сува трева.
