Фото: Принтскрин
Собранието на Словенија ги изгласа измените на Законот за возачи, а тоа израдува многу Македонци.
Според информациите, Словенија ќе дозволи размена на важечки возачки дозволи со Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина без сопствениците на возачките дозволи да треба дополнително да полагаат возачки испит.
Ова значи дека во иднина на Македонците и останатите во регионот ќе им биде олесена процедурата, односно нема да треба да полагаат дополнителни тестови.
