Пред речиси две години, Миа Костова организираше хуманитарна акција за да ѝ помогне на младата надеж, Леонид Индов, кој се здоби со повреда додека бил на летување во Грција. Со брза и решителна организација, таа за неполни два дена успеа да собере 450.000 денари за неговото лекување во Австрија.
Денес, Миа и Леонид повторно се сретнаа во Скопје. Насмеан и пораснат, Леонид ѝ подари на Миа статуетка во форма на две раце кои држат срце со посвета: „Лео од срце ви благодари за вашата човечност и хуманост“.
„Оваа статуетка има поголема вредност од било кој друг подарок“, изјави Миа, благодарејќи им на сите кои учествуваа во донаторската акција и помогнаа во лекувањето на младото момче.
Таа ја сподели и заедничката фотографија со Леонид, додавајќи:
„Една толку емотивна средба и голема животна лекција од ова дете. Успеваме кога имаме верба и енергија да помогнеме. Лео Индов, те сакам!“


