Фото: Принтскрин
Рафинеријата за нафта во Панчево, единствена во Србија, го запре производството и погоните се во „топла циркулација“, објави „Н1 Србија“.
До оваа ситуација земјата стигна откако на сила се американските санкции кон нафтената индустрија во Србија.
Србија ја чека одлуката на Вашингтон за нова лиценца, за да може рафинеријата да продолжи со работа.
„Ви се обраќам зашто имаме големи проблеми. Сакам да ве известам дека рафинеријата се наоѓа во процес на топла циркулација. Имаме уште четири дена до целосен прекин на работата ако не добиеме лиценца од американската влада“, кажа претседателот Александар Вучиќ.
