Фото: Принтскрин
Српскиот пејач Аца Лукас беше однесен на разговор во полициска станица откако неговиот настап во Кавадарци претходно беше прекинат.
Според неофицијалните детали, во клубот имало повеќе луѓе од тоа што било дозволено, но биле прекршени и други правила, а за тоа се јави и Аца Лукас.
„Не бев уапсен. Во станица ми рекоа дека настапот не е регуларен, не го пријавиле. Јас пред неколку дена испратив фотокопија од пасошот, така правиме секогаш. Ако имало неправилности, надлежните требало да реагираат пред настапот, а не пред 2.000 луѓе“, кажа Лукас.
