Фото: Принтскрин
Македонскиот пејач Спасен Силјаноски предизвика „бура“ со неговиот одговор на коментарот на една жена на фотографијата со неговиот син, но сега тој се јави со нова порака во која откри дека бил вознемируван од друго лице.
„Има еден психопат добро познат на јавноста и на органите за превари и измами. Го Викаат Брлкот. Човекот е најверојатно инвалид…Пред еден месец се јави кај мене да бара пари као му требале за рехабилитација. Од претходни информации од луѓе на кои исто им барал пари, па никогаш не ги вратил и по нивна препорака да не паѓам на замката на инвалидитет и дека парите ги бара за ХЕРОИН одлучив да не му дадам финансиска помош.
Од тој момент човеков како психопат почна да звони и да вознемирува кај мене на тел. Не му дигав секако, па почна да објавува статуси за мене со невистини навреди и измислени клевети. И на тоа не реагирав. Денес ми дојавија дека објавил слика со моето СИНЧЕ на што конечно му одоворов да не си игра со нешто за кое нема простување, сожалување и компромис….Што се однесува лично до мене можам да истрпам до одредени граници да читам навреди од болни и фрустрирани луѓе и да ги игнорирам. Но кој се чепна со моето семејство посебно со моите деца ќе биде строго казнет, нема закон кој што ќе го заштити. Така да вечерва додека бев на вечера со моето синче и мои другари, оваа психијатријава повторно психопатски упорно звонеше на месинџер, а јас секако го игнорирав. Последниот пат му дигнав и му кажав да не замара (па потоа му наредив се по ред) …..Еве уште еднаш да повторам јавно на мој профил бидеќи на неговиот ме блокирал. Не ја чешај мечката таму каде што нетреба…Долго време многу луѓе те игнорираат и ти простуваат поради твојот инвалидитет. Но времето на толеранција ја поминува границата. Лично јас ке те КАЗНАМ, а како јас си знам.
p.s. Во прилог слики од негови пораки и замарања на психопатов. …..Драги пријатели се извинувам што ви одземам време со вакви глупости, но мора вистината да се знае“, напиша Спасен.

