Фото: Принтскрин
Во сообраќајна незгода која се случила на пат кон Тузи загинала 29-годишната С.К. Таа била на совозачкото место, додека момчето кое управувало со автомобилот е повредено.
Медиумите од регионот пишуваат дека настраданата девојка е ќерка на познатиот водител Един Крниќ.
„Со неизмерна тага и скршено срце се збогувам од својата сакана ќерка, Сара, која на свои 29 години трагично настрада во сообраќајна незгода“, напиша нејзиниот татко.
