Фото: Принтскрин
Познатата пејачка Тијана Дапчевиќ е во брак со сопругот Милан веќе 24 години, а во интервју за „Скандал“ откри што се случувала за време на нивната љубов која трае две децении.
Тијана откри дека неколку пати размислувала да го напушти сопругот, со кого се венча на 28 април 2001 година.
Пејачката не крие дека имало турбуленции во нивниот брак и размислувала да се разделат.
„Имаше криза и моменти кога сакав да го напуштам. Се спакував барем четири пати. По секоја караница, глупост, јас се пакував“, кажа Дапчевиќ.
Тијана зборуваше и за аферата на нејзиниот сопруг со келнерка.
„Тогаш не се пакував, немаше криза, знаевме дека тоа е измислено и не постои. Јас мојот сопруг не сум го изневерила никогаш, ниту сум помислила на такво нешто“, откри пејачката.
Нејзината исповед може да ја погледнете во емисијата „Скандал“.
