На вчерашниот празник се случи вистинско чудо. Во манастирот Панормитис, посветен на Свети Архангел Михаил, на островот Сими во Грција, се појави фигура што неверојатно наликува на Архангел Михаил. На фотографијата може да се забележи светлосен облик кој ја носи присутноста на небесниот војник и заштитник на верните.
Свети Архангел Михаил е голем заштитник и водач на небесните војски. Тој се моли за храброст, заштита и духовна сила за сите кои го призиваат. Името му значи „Кој е како Бог?“ и потсетува на Божјата моќ и вечната борба помеѓу доброто и злото.
Познат како чудотворец, Архангел Михаил секогаш носи надеж, утеха и мир. Појавувањето на оваа фигура на празникот ја потврдува неговата грижа за луѓето и љубовта кон верните.
Свети Архангеле Михаиле, моли се за нас.

