На 20 ноември 2025 година околу 22:00 часот, 46-годишна жена од Скопје се здобила со повреди за време на концерт во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје. Според информациите од МВР, врз посетителката паднала решетка од вентилацијата на таванот.
Жената веднаш била пренесена во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на медицинска помош. Од МВР соопштуваат дека се преземаат сите потребни мерки за расчистување на случајот и утврдување на причините за инцидентот.
Насловна фотографија: https://plusinfo.mk/
