Судијата Ивица Стефановски ја финализираше пресудата за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. По речиси шест месеци од објавувањето на казните, целосниот документ конечно им е доставен на адвокатите на осудените.
Правните тимови најавуваат дека ќе поднесат жалба до Апелациониот суд и ќе побараат одржување јавна седница на која ќе ја образложат својата позиција.
Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев беа осудени на доживотен затвор на крајот на јуни. Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој беше обвинет дека давал информации за движењето на неговата ќерка, беше ослободен од кривична одговорност.
