Денеска го напушти овој свет македонската пејачка Небахат Бади Бекир, членка некогаш од групата „4 грации“ заедно со Росана Шариќ, Андријана Алаќи и Благица Павловска.
Пријатели, колеги и обожаватели веќе се простуваат со неа на социјалните мрежи. Тења Додева напиша: „Мила, каде побрза и ти… Се гледавме често и навистина убави спомени имам со тебе. Почивај во мир, душо мила, ти благодарам за убавите песни.“

